Од фреатските подземни води, главо, со вода се снабдуваат бунарите. Се смета дека околу 60% од селските и 50% од градските населби во Р.Македонија се снабдуваат со вода од бунарите.
Артерските, а и бунарските води најмногу ги има во Пелагонија (резерви околу 170-250 m³) и во Струмичко-радовишката Котлина (850 m³), потоа во Скопската, Полог, Овчеполието, Тиквеш и на други места.
Артерски подземни води
Бунарски (фреатски) подземни води
Артерските подземни води ги има во сите наши котлини. Тие се наоѓаат меѓу два непропусливи слоја. Кога горниот непропуслив слој ке се продупчи, водата излегува на површината во вид на водоскок.Нивната најголема распространетост е на длабочина меѓу 50 и 80 метри.
Бунарските подземни води се најчесто застапени во котлините и во речните долини. Во добиваат од врнежите,одводните текови кои се спуштаат од повисоко кон пониско, при што еден дел од водата понира (водни текови кои се спуштаат од Шар Планина во Полог) или од самите реки (Вардар, Црна Река, Брегалница...), доколку се наоѓаат во близина на речното корито.
ПОДЗЕМНИ ВОДИ
Св.Наум
Подземните води лежат врз непропусливи слоеви од глина над, кои, пак, се наоѓаат пропусливи слоеви од ситен песок и чакал.Во нашава земја има два типа подземни води: бунарски и артерски.
Силните извори со издашност од повеќе од 1m³ во секунда се наречени врутоци. Такви се врутоците на Вардар, Црна Река, Треска и други.Најсилен извор во нашава земја е врутокот Св.Наум, кај истоимениот манастир,кој добива вода од Преспанското Езеро. Од наго излегуваат 11м³ вода во секунда. Други поголеми врутоци околу Охридското Езеро се Билјанините Извори, Шум кој со своето мало езеро се користи и како мрестилиште за пастрмка, Вевчанските извори и други.
ИЗВОРИ
Кога подземната вода ќе излезе наповршината на Земјата се создава извор.Во Република Македонија има окулу 1.100 поголеми извори со издашност од повеќе од 1 литар во секунда. Само 90 извори имаат издашност повеќе од 30 литри во секунда и даваат 84% од вкупната изворска вода, додека другите учествуваат само со 16% во вкупната изворска вода.
. Врутокот Рашче со 4 m³ вода во секунда се смета за еден од најзначајните во Република Македонија. Со вода за пиење од него се снабдува населението на Скопје и околните настелби. Од особено значење е врутокот на Вардар, од кој се снабдува населението од Гостивар како и врутокот на реката Студенчица кој е значаен за населението од Кичево, Македонски Брод, Крушево и Прилеп.
Најпознатите минерални извори се наоѓаат кај селата Меџитлија и Кременица во пелагонија, Волково кај Скопје, Смрдлива вода под Кожув и други.
Минерални извори
Во Република Македонија има и минерални извори. Тие се делат на топли и студени извори. Во топлите изворитемпературата на водата е подолема од 20 °C. Топли извори има на 8 места и тие се преурадени во бањи, а студените се наоѓаат во близина на Скопје, Битола и Гевгелија и служат за пиење.
Најголем број извори се наоѓаат во планинските подрачја на Шар Планина, Бистра, Баба, Јакупица, Кожуф и други.Најмногу извори има во западниот дел на Републиката, помалку во источниот, а најмалку во Повардарието. 80% од изворите се наоѓаат во сливот на Вардар, 15% во сливот на Црн Дрим, а 5% во сливот на Струмица.
Бањи
-Катлановска (Скопје, температура до 50°C)-Проевска (Куманово, до 30 °C)-Кежовица (Штип, до 57°C)-Негорска (Гевгелија, до 36 °C)-Кочанска (72 °C)-Дебарска (36°C)-Косоврасти (Дебар, 48°C)-Банско (Струмица, 72°C)
Подземни води и извори
Updated: Mar 21, 2020
Comments