
Подземни води и Извори
Од фреатските подземни води, главо, со вода се снабдуваат бунарите. Се смета дека околу 60% од селските и 50% од градските населби во Р.Македонија се снабдуваат со вода од бунарите.
Артерските, а и бунарските води најмногу ги има во Пелагонија (резерви околу 170-250 m³) и во Струмичко-радовишката Котлина (850 m³), потоа во Скопската, Полог, Овчеполието, Тиквеш и на други места.
Артерски подземни води
Бунарски (фреатски) подземни води
Артерските подземни води ги има во сите наши котлини. Тие се наоѓаат меѓу два непропусливи слоја. Кога горниот непропуслив слој ке се продупчи, водата излегува на површината во вид на водоскок.Нивната најголема распространетост е на длабочина меѓу 50 и 80 метри.
Бунарските подземни води се најчесто застапени во котлините и во речните долини. Во добиваат од врнежите,одводните текови кои се спуштаат од повисоко кон пониско, при што еден дел од водата понира (водни текови кои се спуштаат од Шар Планина во Полог) или од самите реки (Вардар, Црна Река, Брегалница...), доколку се наоѓаат во близина на речното корито.
ПОДЗЕМНИ ВОДИ
Св.Наум
Подземните води лежат врз непропусливи слоеви од глина над, кои, пак, се наоѓаат пропусливи слоеви од ситен песок и чакал.Во нашава земја има два типа подземни води: бунарски и артерски.
Силните извори со издашност од повеќе од 1m³ во секунда се наречени врутоци. Такви се врутоците на Вардар, Црна Река, Треска и други.Најсилен извор во нашава земја е врутокот Св.Наум, кај истоимениот манастир,кој добива вода од Преспанското Езеро. Од наго излегуваат 11м³ вода во секунда. Други поголеми врутоци околу Охридското Езеро се Билјанините Извори, Шум кој со своето мало езеро се користи и како мрестилиште за пастрмка, Вевчанските извори и други.
ИЗВОРИ
Кога подземната вода ќе излезе на
површината на Земјата се создава извор.
Во Република Македонија има окулу 1.100 поголеми извори со издашност од повеќе од 1 литар во секунда. Само 90 извори имаат издашност повеќе од 30 литри во секунда и даваат 84% од вкупната изворска вода, додека другите учествуваат само со 16% во вкупната изворска вода.
. Врутокот Рашче со 4 m³ вода во секунда се смета за еден од најзначајните во Република Македонија. Со вода за пиење од него се снабдува населението на Скопје и околните настелби. Од особено значење е врутокот на Вардар, од кој се снабдува населението од Гостивар како и врутокот на реката Студенчица кој е значаен за населението од Кичево, Македонски Брод, Крушево и Прилеп.
Најпознатите минерални извори се наоѓаат кај селата Меџитлија и Кременица во пелагонија, Волково кај Скопје, Смрдлива вода под Кожув и други.
Минерални извори
Во Република Македонија има и минерални извори. Тие се делат на топли и студени извори. Во топлите изворитемпературата на водата е подолема од 20 °C. Топли извори има на 8 места и тие се преурадени во бањи, а студените се наоѓаат во близина на Скопје, Битола и Гевгелија и служат за пиење.
Најголем број извори се наоѓаат во планинските подрачја на Шар Планина, Бистра, Баба, Јакупица, Кожуф и други.Најмногу извори има во западниот дел на Републиката, помалку во источниот, а најмалку во Повардарието. 80% од изворите се наоѓаат во сливот на Вардар, 15% во сливот на Црн Дрим, а 5% во сливот на Струмица.
Бањи
-Катлановска (Скопје, температура до 50°C)
-Проевска (Куманово, до 30 °C)
-Кежовица (Штип, до 57°C)
-Негорска (Гевгелија, до 36 °C)
-Кочанска (72 °C)
-Дебарска (36°C)
-Косоврасти (Дебар, 48°C)
-Банско (Струмица, 72°C)

geokohridski
СЕВЕРНА ЕВРОПА
ШВЕДСКА
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Шведска е кралство сместено на источниот дел од Скандинавскиот Полуостров. На исток државата излегува на Балтичкото Море и граничи со Финска, од која е одделена и со Ботнискиот Залив. На југ од Данска е одделена со водите на протокот Категат. Покрај со Финска, копнена граница има и со Норвешка, со која граничи на запад. Во овие граници зафаќа површина од околу 450 000 км кв.
2. БРЕГОВА РАЗГРАНЕТОСТ И РЕЛЈЕФ
Бреговите на Шведска не се толку разгранети како бреговите на Норвешка и Данска, иако се одикуваат со голем број на помали острови, полуострови и заливи. Од островите поголеми се Готланд и Еланд.
Низинските подрачја во Шведска главно се по брегот на Балтичкото Море и во појужните делови од државата. Кон границата со Норвешка релјефот се издигнува на поголема надморска височина. Во тој дел се простираат старите грамадни Скандинавски Планини. Највисоките предели на државата се простираат во северните делови и се нешто над 2 000 м н.в.
3. КЛИМА
Климата е значително постудена за разлика од државите од Јужна и Западна Европа. Тоа се должи пред се на фактот што Шведска има посеверна географска широчина. Климатски се издвојуваат четири региони. Во јужните делови се застапени влијанија на Атлантскиот Океан, според што климата тука е атлантска. Кон средишните делови на државата климата е континентална, со пониски температури и помало количество на врнежи. Посеверно од 65-от степен с.г.ш. климата е субполарна, со средногодишни температури под 0 степени целзиусови. На Скандинавските планини климата е планинска.
4. ХИДРОГРАФИЈА
Реките припаѓаат во сливот на Балтичкото Море, некои од нив се: Дал, Индалс, Луле и др. Шведска се одликува со голем број на езера. Тие се од ледничко потекло. Поголеми меѓу нив се: Венерн, Ветерн, Елмар и др.
5. НАСЕЛЕНИЕ
Во Шведска денес живеат нешто над 10 милиони жители, со што државата спаѓа во редот на ретко населени земји, со околу 20-тина жители на км кв. И Шведска како и голем број на европски земји се одликува со висок удел на старо население, над 65 година возраст имаат над 20 % од населението. Освен Швеѓаните овде се застапени и Финци, како и голем број на доселеници поранешна Југославија, некои азиски држави и др. Според религиозната припадност најзастапени се протестантите, со над 60 % од населението.
6. НАСЕЛБИ
Главен и најголем град во Шведска е Стокхолм (околу 1 милион жители), други поголеми градови се: Гетеборг, Малме, Упсала и други.
7. СТОПАНСТВО
Во стопански поглед Шведска е една од најразвиените земји во Европа. Таа е богата со руди на: железо, бакар, злато, олово, цинк, никел и др. Особено голем производител е на железо, кое најмногу се експлоатира кај градот Кируна. Шведска е исто така богата и со шуми, тие покриваат 60 % од нејзината територија. Од полјоделските култури најзастапени се: пченица, јачмен, компир, овес и шекерна репа. Шведска се одликува и со развиено сточарство. Најразвиени индустриски гранки се: машинската, металската, хемиската, електротехничката и дрвната. Шведска увезува: градинарски култури и овошје, а извезува: руди и машини.
Норвешка и Финска

НОРВЕШКА
- Норвешка
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Норвешка е држава која се простира во најсеверните делови од Европа. Го зафаќа западниот дел на Скандинавскиот Полуостров, а излегува на Сeверно, Норвешко и Баренцово Море. На исток Норвешка граничи со: Русија, Финска и Шведска. Во овие граници зафаќа површина од 385 000 км кв.
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Норвешка се одликува со еден од најразгранетите брегови меѓу државите во светот. Има голем број на острови, полуострови и заливи, кои овде во најголем дел се фјордови. Карактеристичен е и протокот Скагерак, кој ја одвојува Норвешка од Данска. Од островите на Норвешка му припаѓаат и Шпицбергшките Острови и островот Јан Мајен, а од тие што се поблиску до брегот се издвојуваат Лофотските Острови.
Планините се главна одлика на релјефот на Норвешка, и тоа тука се простираат Скандинавските Планини, кои не преминуваат повеќе од 2 500 м н.в.
На територијата на Норвешка се застапени 4 климатски типови и тоа: атлантска, планинска, субполарна и поларна. Субполарната е застапена во крајните најсеверни делови од Скандинавскиот Полуостров, додека поларната е застапена на островите во Сверерниот Леден Океан. На планините е застапена планинската клима, но таа е застапена и на помала надморска височина за разлика од планините во појужните делови од Европа. Покрај брегот е застапена атлантската клима, која е многу потопла клима во споредба со климатските услови во останатите делови од Европа кои се на иста или слична географска широчина, а е резултат пред се на топлата Голфска Струја.
Реките во Норвешка се кратки, брзи и полноводни, a нивниот тек го завршуваат во многубројните фјордови. Според тие карактеристики тие се погодни за искористување на нивната хидроенергија.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Норвешка денес живеат нешто над 5 400 000 жители, со што е една од најретко населените држави во Европа и во Светот, со под 15 ж/км кв. Најголем дел од населението се Норвежани (над 80 %), додека според религиозната припадност најбројни се протестантите, со над 70 %.
Главен и најголем град во Норвешка е Осло (околу 1 000 000 жители), а други поголеми градови се: Берген, Ставангер, Трондхајм и Драмен.
4. СТОПАНСТВО
Норвешка е една од државите со највосок стандард во светот. Тоа особено е така по откривањето на големите резерви на нафта и земјен гас, во 60-тите години на XX век. Освен тоа Норвешка е богата и со рибен фонд, шуми и разновидни минерално-рудни наоѓалишта. Покрај големите резерви на фосилни горива, дури 99 % од електричната енергија во државата се добива во хидроцентралите, податок според кој е на прво место во светот. Норвешка го држи и високото второ место во светот по количеството на извезена риба. Невработеноста овде изнесува само 2 % од населението.

ФИНСКА

1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Финска се простира во северните делови од Европа. Копнена граница има со Русија, Норвешка и Шведска. Излегува на Балтичкото Море, поточно на Финскиот и Ботничкиот Залив. Во овие граници зафаќа површина од 340 000 км кв.
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Брегот на Финска не е многу разгранет, освен заливите, карактеристични се Оландските Острови. Финска е низинска земја, а планини се простираат во северниот дел. Тоа е всушност дел од Скандинавските Планини, а во земјата највисокиот врв е околу 1 300 м н.в. Кон југ се простираат области кои се одликуваат со илјадници езера. Воопшто речиси целата територија на Финска е прекриена со езера и шуми. Бројот на езера овде изнесува над 60 000. Финска исто така се одликува со голем број на реки.
Финска е една од најстудените европски земји. Тука е застапена континентална и субполарна клима. Летата во Финска се кратки и свежи, а зимите подолги и студени. Снегот се задржува од октомври до мај.

3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Финска денес живеат нешто над 5 500 000 жители, со што и таа е една од најретко населените држави во Европа и во Светот, со околу 16 ж/км кв. Најголем дел од населението се Финци (над 90 %), а застапени се и Швеѓани (околу 8 %). Според религиозната припадност најбројни се протестантите со 70 %, а нерелигиозни се околу 27 %.
Главен и најголем град е Хелсинки (над 600 000 жители), други поголеми градови се: Тампере, Оулу и Турку.

4. СТОПАНСТВО
Главен белег на стопанството на Финска е шумскиот фонд, кој зафаќа над 60 % од територијата на државата. Државата располага со мали површини кои се обработливи, додека сточарството има поголемо значење. Финска увезува: жита и јужно овошје, а извезува: дрво, хартија и млечни производи.
![]() | ![]() | ![]() |
|---|
Данска и Исланд
ДАНСКА
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Данска се наоѓа во регионот Северна Европа. Се простира на полуостровот Јиланд и на уште околу 500 острови (од кои 108 се населени). Има поволна географска положба и претставува мост помеѓу Северна и Средна Европа. Копнена граница има само со Германија (на југ). Излегува на Северно и на Балтичко Море. Најблиски држави со кои се поврзува по воден пат се Шведска и Норвешка, од кои е раздвоена со протоците Категат и Скагерак. Има површина од околу 43 000 км². На Кралството Данска му припаѓаат и најголемиот остров во светот- островот Гренланд (со околу 50 000 жители) и Фарските Острови (околу 56 000 жители).
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Данска е една од најниските држави во Светот, со просечна надморска височина од само 34 м, нејзината територија всушност е пространа брановидна низина, со највисока точка кај местото Ејер Бавнехе, од само 173 м н.в. Поради големиот број на острови, Данска се одликува со долга брегова линија од 7 314 км. Покрај полуостровот Јиланд, се издвојуваат најголемите острови: Селанд, Фин и Лоланд. За Данска се карактеристични и бројните протоци, мошне значајни за морепловството, од кои покарактеристични се: Скагерак, Категат, Ересунд, Голем и Мал Белт.
Климата во Данска е атлантска, се одликува со свежи лета и благи зими. За климата посебно влијание има и влажниот западен океански ветер, кој овозможува да има врнежи во текот на целата година, при што со дожд годишно се одликуваат околу 180 денови. Реките во Данска се кратки и неповолни за пловидба.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Данска денес живеат околу 5 800 000 жители, а густината на населеност во државата изнесува 134 ж/км², со што е најгусто населена држава во регионот Северна Европа. Данска, како и најголем дел од државите во Европа, се одликува со големо учество на лицата постари од 65 години. Тој удел изнесува околу 20 %. Според етно-јазичната поделба на населението, Данскиот народ спаѓа во групата на народи Германи. Денес во Данска живеат околу 90 % Данци, додека останатите 10-тина % се: Германци, Пољаци, Турци, Ирачани, Романци итн. Според верската припадност 76 % од населението се декларирало како дел од Данската Протестантска Црква, додека најзастапено религиозно малцинство во Данска е Исламот со околу 4 % од вкупното население.
Главен, најголем и најнаселен град во Данска е градот Копенхаген. Пошироката околина на градот го претставува и најгусто населениот дел од државата, каде што живеат околу 1/3 од вкупното данско население. Дури 87 % од вкупното население во државата живее во градовите. Други поголеми градови се: Архус, Оденсе и Алборг.
4. СТОПАНСТВО
Според сите показатели за развојот на стопанството, Данска е една од најразвиените земји во Светот. Околу 75 % од населението работи во услужните дејности, 24 % во индустријата, а само 1 % се занимава со земјоделство. Во Данска најмногу се произведуваат житарици и сточна храна, а се повеќе се одгледува зеленчук и цвеќе во стакленици. Посебно значајно од сточарските гранки е свињарството (13 милиони), а многу не заостануваат и останатите гранки, со што Данска е една од најпрепознатливите земји во Светот по производството на висококвалитетни млечни и месни производи. Данска е најзначајната рибарска држава во ЕУ, располага со 2 700 бродови и годишен улов од над 2 милиони тони (13-та во Светот). По 1950 година, во Данска особено се инвестира во образуванието, истражувачката и научната дејност, со што земјата од земјоделска се преориентирала во индустриска. Поразвиени индустриски гранки се: прехрамбената, машинската (мотори, велосипеди, и земјоделски машини), фармацевтската, индустријата за мебел, хемиската, електротехничката (медицински апарати), текстилната и индустријата за играчки. Данска се одликува со мошне развиен: патен, железнички, воден и воздушен сообраќај. Велосипедот е особено значајно превозно средство.
5. ЗАНИМЛИВОСТИ
- Интернетот е многу раширен и има практична примена во Данска. Голем број на професии како: благајник, библиотекар и сл. речиси не постојат, бидејќи се е компјутеризирано, а наплатата на услугите се врши он-лајн.
- Рекреативниот спорт во Данска е многу раширен меѓу популацијата. Интересно е тоа што термините секој си ги одредува сам, а тој што нема да ги испочитува, задоцни и сл. е должен да плати одредена казна.
- Излегувањето после 18 часот во Данска се смета за непристојно. Тогаш данците најчесто имаат семејна вечера.
- Данците се познати како особено штедлив народ. Најчесто пазарат во петок бидејќи тогаш маркетите се со најниски акциски цени. Земањето на кредити од банките е ретка појава и истите неможат да се подигнат без добра причина.
- Данците веруваат во терапевтската моќ на спиењето надвор од домот. Па така неретка е сликата пред детските градинки на колкички во кои има мали деца, кои спијат надвор на различни временски прилики. Во Данска се популарни и шумските градинки, при што децата престојуваат во шумски предели, развивајки ја својата креативност во природна средина.
- Во Данска земањето на фармацевтски производи, пред се лекови е вистинска реткост.
- Бидејќи е северна земја и има поголема потреба од светлина, во Данска многу ретко се користат пердиња, а многу често страните на куќите се само од стакло.
- Во Данска образованието до завршувањето на факултет и здравствената заштита се бесплатни.
- Просечната плата во Данска изнесува над 5 000 €.
- Данска веќе подолго време е држава во која живеат најсреќните луѓе во светот (Македонија е на 95-тото место). Тоа е утврдено според повеќе фактори (здравјето на населението, медицинска нега, чувството на самодоверба, семејни односи, безбедност на работното место, политички слободи, некорумпираност на власта и сл.).
- Во главниот град на Данска – Копенхаген има повеќе велосипеди од автомобили.
- Иако е држава во Северна Европа, Данска се одликува со голем број на плажи. За голем број од нив е карактеристичен пејзажот во кој се застапени ветерниците.
ИСЛАНД
1. ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА И ГОЛЕМИНА
Исланд е островска држава во водите на Атлантскиот Океан. Се наоѓа во непосредна близина на Северниот поларен круг. Има вкупна површина од 103 000 км².
2. ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ ОДЛИКИ
Брегот на Исланд е доста разгранет. Но сепак оваа држава е најспечифична по вулканската активност и бројните гејзери. Има 140 вулкани од кои 30-тина се активни (Лаки, Хекла, Гримсвот и др.). Во Исланд е и најголемиот ледник во Европа, тоа е Ветнајекул, со околу 8 500 км². Според тоа на островот се застапени сите облици на глацијален релјеф. Највисокиот врв изнесува 2 119 м н.в. Климата во јужните делови на Исланд е атлантска, а во останатиот дел од островот е планинска и субполарна.
3. НАСЕЛЕНИЕ И НАСЕЛБИ
Во Исланд денес живеат нешто над 365 000 жители, со што државата се одликува со најретка густина на населеност во Европа. Таа изнесува само 3,5 ж/км кв.
Главен град е Рејкјавик (125 000 жители), а другите градови се помали, со помалку од 30 000 жители (Копавогур, Хафнарфјордур и др.)
.
4. СТОПАНСТВО
Главен белег на стопанството на Исланд е риболовот и бродоградбата. Главни полјоделски производи се компирот и репката, додека цвеќе и овошје се одгледува во стакленици. Доста застапено е и говедарството и овчарството. Исланд располага со голем хидроенергетски потенцијал и геотермална енергија, која во голема мера се искористува.











