ВОЗДУХОТ ИМА СВОЈА ТЕЖИНА
Воздухот има своја тежина, со која врши притисок на сите тела на Земјината површина. Овој притисок населението го нарекува воздушен или атмосферски притисок. Населението на Земјата тој притисок не го чуствува, но може да го измери. Бидејќи воздушната маса или атмосферата е многу голема, се создава и голем притисок над сите делови и предмети на Земјата.
НА ЗЕМЈИНАТА ПОВРШИНА СЕ ЈАВУВА РАЗЛИЧЕН ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК
Големината на воздушниот притисок најногу зависи од температурата и влажноста на воздухот и надморската височина. Со порастот на температурата воздухот се шири, станува полесен и врши помал притисок. Но кога се лади, се собира, станува потежок и врши поголем притисок на Земјината површина. Водената пара е полесна од сувиот воздух, па затоа кога воздухот има повеќе водена пара или влага, тој притисок е помал. Со зголемување на надморската височина, воздухот е се поредок, а со самото тоа и воздушниот притисок е помал. Во приземните делови на атмосферата, воздушниот притисок побрзо опаѓа во споредба со поголемите височини. Поради нееднаквото загревање на копнените и морските површини, атмосферскот притисок се менува и во однос на нивната разместеност на Земјината површина.
НОРМАЛЕН, ВИСОК И НИЗОК ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК
Ако воздушниот притисок изнесува 101.325 паскали или 1.013 милибари, овој притисок се нарекува нормален воздушен притисок. Ваков притисок се појавува само над нивото на морето при 0°C, на 45° северна или јужна географска широчина. Секој притисок што е поголем од него се вика висок воздушен притисок и секој притисок што е помал од него се вика низок воздушен притисок.
МЕРЕЊЕ И ПРИКАЖУВАЊЕ НА ВОЗДУШНИОТ ПРИТИСОК
Воздушниот или атмосферски притисок се мери со справата барометар. Барометарот е составен од сталак и стаклена цевка, која во долниот дел е свиткана нагоре, проширена и отворена, додека во горниот дел е затворена. Кога притисокот расте и живата во барометарот се покачува. Од скалата која е во милибари или паскали можеме да прочитаме колкав е воздушниот притисок. Хоризонталниот распоред на воздушниот притисок се прикажува на изобарни карти со помош на изобари. Изобари се криви линии кои поврзуваат места со ист воздушен притисок на Земјината површина. Воздушниот притисок, односно неговата големина е причина за движењето на воздушните маси на помал или поголем географски простор. Поради нееднаквиот воздушен притисок се јавуват циклоните и антициклоните како и други врсти на движења на воздушните маси.
ЗА ТИЕ ШТО САКААТ ДА ЗНААТ ПОВЕЌЕ:
Comments