СОНЦЕТО Е ГЛАВНИОТ ИЗВОР НА ЗАГРЕВАЊЕ
Воздухот добива топлина од Сонцето. Сончевите зраци допираат до Земјината површина и ја затоплуваат. Од затоплената Земјина површина, температурата се пренесува на приземните слоеви од воздухот, а потоа на повисоките. Затоа воздухот над Земјата е најтопол, а како се оди на поголема височина е сé постуден. Пример се високите планински врвови кога и во лето се покриени со снег, а во нивното подножје веќе сé е зазеленето. Кога ќе се загрее најнискиот слој од воздухот, се шири и како поредок и полесен под притисок од погорниот студен воздух се издигнува во погорните делови на тропосферата. На негово место доаѓа друг постуден воздух, кој се загрева, потоа се издигнува така што овој процес постојано се повторува.
КАКО СЕ ЗАГРЕВА ЗЕМЈАТА И ВОЗДУХОТ
Силата или јачината на загревањето на Земјата и воздухот најмногу зависи од упадниот агол под кој паѓаат Сончевите зраци и помалку од времетраењето на загревањето. Доколку Сончевите зраци паѓаат под помал или остар агол, загревањето е послабо. Поради тоа настанува нееднакво загревање на Земјата и воздухот, како во текот на денот, така и во текот на годината. Наутро кога ќе изгрее Сонцето почнува да ја загрева Земјината површина што преку ноќ се оладила. Бидејки наутро Сонцето е ниско над хоризонтот, Сончевите зраци паѓаат косо и со самото тоа загревањето е послабо. Затоа наутро е студено. Како Сонцето постепено ќе се искачува повисоко над хоризонтот, упадниот агол ќе биде сé поголем и загревањето станува поголемо. Напладне кога Сонцето е во зенитот над хоризонтот, загревањето е најсилно. Попладне Сонцето постепено се спушта кон западната страна од хоризонтот, Сончевите зраци паѓаат сé покосо, додека не се изгубат од хоризонтот, по што започнува затемнување на Земјината површина. Веќе дозна дека слично на ова се јавува и во текот на годината кога Сончевите зраци ја загреваат Земјата меѓу двата повратника кои се наоѓаат на 23°27' северна и јужна географска широчина.
ТЕМПЕРАТУРА НА ВОЗДУХОТ
Веќе знаеш дека температура е степенот на загреаност на воздухот која се мери со направата термометар. Сé уште за мерење на температурата, најмногу се употребува живиниот термометар. Кога е топло живата се искачува и покажува високи температури, а кога е ладно таа се собира и покажува пониски температури. Дозна дека температурата во текот на денот се менува. За да ја знаеме среднодневната височина на температурата се вршат мерења во 1, 7, 13 и 19 часот, а добиените вредности се собират и се делат со 4.
Средномесечната температура се добива кога ќе се соберат и поделат 30 среднодневни и годишната кога ќе се соберат и поделат 12 средномесечни температури. Линиите кои ги поврзуваат сите места со иста температура се викаат изотерми.
Доколку сакате да измерите среднодневна температура, ова е начинот да го направите тоа:
ДОМАШНА РАБОТА
1. Објасни го начинот на загревање на воздухот?
2. Што е тоа температура на воздухот?
3. Од што зависи степенот на загреаност на воздухот? 4. Каде воздухот е најтопол во зима и каде на лето?
5. Со што се мери температурата на воздухот?
6. Што се тоа изотерми?
За тие што сакаат да знаат повеќе:
-за глобалното затоплување
https://www.nationalgeographic.com/environment/global-warming/global-warming-overview/
Comments